ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ТЕОДОР ТИРОН

ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ТЕОДОР ТИРОН


Додадено на 02-03-2015 во МАКЕДОНИЈА

Свети великомаченик Теодор Тирон, 2.III./17.II.  Вojникот што го бранеше христијанството. Со името на Теодор Тирон е поврзан и празникот Тодорова Сабота (Тодорица) што се празнува во првата сабота од Велигденскиот пост. Светиот великомаченик Теодор Тирон (тирон, значи регрут-војник) живеел во понтискиот град Амасија за време на римскиот цар Максимилијан. За време на владеењето на овој цар извршена е најжестока хајка против христијаните. Тогаш настрадал и светиот великомаченик Теодор. Тој не сакал да се откаже од Христа и на паганските богови да им принесе жртва, поради што бил затворен и мачен. Но и во затворот не се уплашил од смртта туку пеел црковни песни поради што бил осуден на смрт со запалување, и бил запален на клада на 2. III./17.II. 306 година. Затоа на овој ден народот го празнува споменот на светиот великомаченик Теодор. Но народот празнува уште еден празник посветен на овој светец. Тоа е Тодорова сабота, како што се вика првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка. Овој празник е подвижен и зависи од Велигден.