ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА БУБРЕГОТ

ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА БУБРЕГОТ


Додадено на 12-03-2015 во МАКЕДОНИЈА

Здружението Нефрон денеска ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот - 12 март, кој годинава се одбележува под мотото „Бубрежно здравје за сите“, пренесува МИА.

Годинава се одбележува десет години од прогласување на Светскиот ден на бубрегот кој заеднички го организираат Меѓународното здружение за нефрологија и Меѓународната фондација за бубрежни фондации. Десет проценти од населението во светот иамат некоја форма на оштетување на бубрезите. Хроничната бубрежна болест (ХББ) се предвидува во текот на следната деценија да се зголеми за 17 проценти. На Светскиот ден на бубрегот со симболично пиење една чаша вода и подарување една чаша вода ќе се подигнува свеста за ризиците, опасностите и товарот на болестите на бубрезите и како тие да се спречат и третираат на едноставен начин.  Клучни прашања и предизвици во справувањето со хроничните болести на бубрезите се лошата хигиена на водата, недостаток на хидратација, нездрав избор на храна и пијалоци, јазични бариери, нивото на образование и писменост, ниски приходи, невработеност, недостаток на соодветно здравствено осигурување, како и културно специфични здравствени верувања и практики.