ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА УЧЕНИЦТЕ
Зимскиот распуст во основните и средните училишта во Македонија завршува денеска – од утре почнува второто полугодие. Учениците се враќаат во училишните клупи.Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат според нов пристап, кој според надлежното министерство ќе им го олесни испитот на учениците зашто е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети, но со нови олеснителни околности за кој измените не се откриваат сеуште.Наспроти најавите за новиот начин на екстерно, средношколците преку својот пленум бараа посебен метод на полагање, поставија неколку барања и критериуми, па очекуваат колку и дли ќе биде прифатено она што тие го бараат.За останатите ученици – од трето одделение до трета година средно – екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.Кавадаречките училишта се подготвени за стартот на второто училишно полугодие. Велат дека спремни ги очекуваат своите ученици, па заеднички да тргнат кон нови предизвици и нови успеси.