ДЕНЕСКА НА БРАНАТА НА ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО СЕ СПРОВЕДЕ АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОД ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА И ДРУГ ОТПАД
Во рамки на одбележување на Неделата на екологијата, денеска на браната на Тиквешкото езеро се реализираше голема акција за чистење од пластични шишиња и друг отпад од надојдените води на Црна Река.
„ Оваа акција се организира од страна на еколошкото друштво „ Тисовец “ и здружението на граѓани „ Зона “ со поддршка на младинскиот центар „ Креактив “, општинската организација Црвен Крст, подрачното основно училиште „ Страшо Пинџур “ од Возарци, компанијата „ Фени Индустри “, ХЕЦ „ Тиквеш “, „ Тиквешко поле “ и општина Кавадарци“- вели Сашко Данов, претседател на еко-друштвото Тисовец . Целта на оваа акција е што помасовно и поорганизирано да се пристапи кон собирање на отпадот а со тоа да се поттикнува и граѓанскиот активизам со справување со истото.