Денеска ќе има прекин во снабдувањето со вода од паралелниот систем во Неготино
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ ги информира граѓаните кои се приклучени на паралелниот систем за наводнување на дворните површини дека поради чистење на каналската мрежа во деновите вторник и среда ( 05 и 06 јули ) има прекин во снабдувањето со вода за полевање на дворните површини и за останатите потреби на населението за кои не е неопходно водата за пиење. Од ЈП Комуналец апелираат до граѓаните за разбирање за настанатата состојба, бидејќи во овој период секоја година доаѓа до чистење на каналската мрежа, а наедно апелираат до населението за рационално трошење на водата за пиење чија потрошувачка во овие летни денови е енормно зголемена.