ДЕНОТ НА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ
Во светот денеска се одбележува Денот на слободата на медиумите.
При тоа се оценува дека слободата на медиумите е на најниско ниво во последните 12 години. Во повеќе земји овој ден ќе се одбележи со меѓународна акција „Пет минути громогласна тишина“ за да се предупреди јавноста на се потешката положба на новинарската професија. Во последниот извештај на Фридом хаус пишува дека лани од 199 земји и територии во светот, една третина имаат слободни медиуми, додека во 66 % нема слободни медиуми. Светскиот ден на слободата на медиумите е прогласен од генералното собрание на ОН во 1993 година.