ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ РАДА ПОЦЕВА “ КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК
Со богата културно-уметничка програма претставена од најмладите, детската градинка „ Рада Поцева “ Кавадарци, денеска го прослави својот патронен празник 8 април односно педесет и две годишнината од нејзиното постоење. Со песна и ора пред присутните, најмладите штитеници на детската градинка Рада Поцева се претставија пред гостите и покажаа како со песна и игра го поминуваат нивниот престој во градинката. Во рамки на прославата беше промовирана и презентирана книгата на градинката „ Децата-чувари на традицијата “ во која велат „ Кога ќе се сплотат минатото и сегашноста-традициите и обичаите, тогаш пред вас ја имате книгата со најубави содржини, бидејќи во неа се опшишани активностите со децата, а децата се бел лист на кој го запишуваме сето она што има вистинска и чиста вредност “. На прославата беа доделени благодарници на дечињата кои учествуваа на ликовниот конкурс во склоп на проектот „ Мојот град “, а благодарници беа доделени и на Музеј галеријата на град Кавадарци како и на „ Едука Мак “ Скопје за големиот придонес во издавањето на книгата, а благодарница за медиумско покривање и афирмација за реализирање на програмските активности на детската градинка доби и телевизија КТВ. По заврувањето на официјалниот дел, присутните гости имаа можност да уживаат во богатата традицонална трпеза подготвена од детската градинка, да добијат по еден примерок од книгата. Инаку, пред почетокот на официјалната програма, претсавници на детската градинка положија свежо цвеќе пред спомен бистата на својот патрон поставена во градскиот парк во Кавадрци.