ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКАТА ПРАСКИЧКА РОСОМАН НА ПОСЕТА КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ
Безброј прашања денеска доби градоначалникот нa општина Росоман Стојанче Лазов. Колку трае неговото работно време, дали е тешко да си градоначалник, што работи градоначалникот, која е неговата улога, што сакал да биде кога ќе порасне, го прашаа денеска најискрените, дечињата од детската градинка „ Праскичка “ во Росоман. Лазов со насмевка одговараше потенцирајќи дека вакви гости се добредојдени секој ден во неговиот кабинет.
Пред дечињата од градинка градоначалникот зборуваше за проектите и делата кој се од особено значење за младите од општината и нивниот правилен развој, обравозание и едукација. Запознавањето со институциите и нивната улога се дел од темите на кој работат дечињата од пред училишна возраст во градинка, па во таа насока информираат од Праскичка беше и денешната посета во градоначалничкиот кабинет.