ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ- МУРАТО

ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ- МУРАТО


Додадено на 10-05-2016 во МАКЕДОНИЈА

На 10 Мај 1989 година македонскиот алпинист Димитар Илиевски - Мурато како член на Македонската Алпинистичка Хималајска Експедиција Еверест 89 се искачи на највисокиот врв на светот, за прв пат развиорувајки го македонското знаме. Заедно со Диме на врвот во истиот ден се искачија и словенскиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ искусни алпинисти  кои за прва цел им беше искачувањето на Лотце,петиот врв на светот а потоа ако му се укаже шанса и Монт Еверест. На молба на Планинарскиот сојуз на Словенија овие двајца алпинисти се приклучија на Македонската експедиција, а исто така заедно со нив на врвот се искачија и шерпасите Сонам и Аџива.

Искачувањето е направено од непалската страна преку ледоломот Кумбу во стил кој стана класичен и прифатен од сите експедиции кои го качуваат врвот од оваа страна. Базниот логор се поставува на морените под ледоломот на височина од 5370 до 5500 метри. Патот кон врвот се протега низ ледоломот Кумбу, потоа долината на тишината, падината под врвот Лоце ( Lhotse face ) и јужното седло, а вдолж него се поставуваат четири висински логори. Првиот висински логор е на височина од околу 6100 м, вториот е под Lhotse face на височина од 6200 м, третиот на самата Lhotse face на 7300 м и последниот на Јужното седло на околу 8000 м. Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. Искачувањето на врвот помеѓу 10 и 11 мај опишано е од изказите на Борче Јовчевски член на експедицијата и исказите на Стипе Божиќ и Виктор Грошељ.
 
Изјава на Борче Јовчевски
На 8 мај утрото, за едно со Диме,Стипе и Вики трнавме кон третиот висински логор(Стипе Божиќ-Хрватска,Виктор Грошељ-Словенија алпинисти кои се приклучија на Македонската Хималајска Експедиција).Бевме физички и психички подготвени цел ден пешачевме и се движевме по фиксираните јажиња.Кога пристигнавме во третиот висински логор шерпасите веќе ги имаа поставено шаторите.Заедно со Диме се сместивме во еден а Стипе и Виктор во друг.Беше многу студено температурата се спушти на -30степени под нулата.Утрото кога се разбудивме се беше покриено со снег дури и вреќите за спиење беа со снег.Со нас имавме камера и радиостаница Диме не сакаше многу да зборува по радиостаница па затоа јас ја имав со мене.
Од третиот се упативме кон четвртиот логор, одевме по чист мраз и се движевме по фиксираните јажиња на нагиб околу 70 степени.Беше многу ладно и мене почнаа да ми мрзнат нозете како што се движевме нагоре беше се потешко и потешко, Диме се одвои од мене и јас морав да држам свое темпо.Почна да се стемнува околу 18 часот. Настрана од фиксираната патека видов шатор кој помислив дека е нашиот но за среќа видов дека е искинат,малку се помислив и продолжив по вистинскиот правец.Во тие моменти и висини мозокот работи со помал капацитет и може лесно да се згреши.Некаде пред логорот стигнав до една падина ја искачив, другите веќе беа во 4 висински логор.Поради проблемите со нозете се движев бавно па ги испратија шерпасите да видат што се случува со мене.Па така заедно со нив стигнав во 4 висинскиот логор.Утрото околу три часот се разбудивме и се подготвувавме за освојување на врвот.Нозете мислев дека ми се во ред,но кога пробав да ги ставам чевлите,едвај ги ставив.Прстите ми беа потечени.Се консултирав со Диме и со базниот логор. Остана на мене да одлучам. Ако продолжам можам да ги загубам прстите, па одлучив да останам.Диме ја зеде радиостаницата со него, се поздравивме и екипата тргна за освојување на врвот.Моја задача беше да ги наместам шаторите да спремам чај и јадење за екипата кога ке се врати.Откако ги средив тие работи малку се одморив и повторно излегов надвор.Наидов на стари боци за кислород,остатоци од опрема.Во еден момент наидов и на мртво тело.Тоа беше тело на алпинист кој минатата година на враќањето назад од врврот легнал да се одмори и утрото едноставно не се разбуди.Телото воопшто не беше распаднато.Времето си поминуваше и почна да се стемнува,запалив свеќа да го осветлува шаторот за да претставува ориентир за другарите, кога ке се спуштаат од врвот.
Во еден момент слушнав гласови.Дојдоа двајцата шерпаси околу 22,30 часот,ми кажаа за успехот дека сите пет души се искачија на врвот.Некаде околу 2,30часот пристигна и Стипе Божиќ ми зборуваше на англиски.Воопшто не ме препознаваше.Влезе во шаторот се стопли со чај,му ја дадов боцата со кислород и почна да доаѓа присебе тогаш ме препозна.По половина час пристигна и Виктор Грошељ.Му го отстапив моето топло место го освежив со топли течности.Го прашав каде е Диме тој се изненади што пред него не е пристигнат.Диме од врвот тргнал прв,а сеуште не беше пристигнат.Ориентир на Стипе му беше светлината од шаторот воопшто не беше свесен како стигнал дотука не знаеше каде му е цепинот дали го загуби или го остави некаде.Влегов во другите шатори,да не е случајно таму Диме но него го немаше.Го очекувавме додека не се раздени.Со првите сончеви зраци сите излеговме надвор и почнавме да викаме.Одговор немаше од никаде. Останавме до пладне очекувајќи го Диме.Од него немаше ни трага ни глас.Се надевавме дека можеби е слезен долу па и ние моравме да се спуштиме надолу. Заедно со Виктор Грошељ кој беше истоштен почнавме да слегуваме надолу а Стипе остана уште една ноќ. Радиостаница немавме па се сретнавме со Американската експедиција ги замоливме преку нивната радиостаница да пренесеме за исчезнувањето на Диме.
Пристигнав во базниот логор ја објавив веста за Диме на сите ни беше тешко и мачно за исчезнувањето на Диме.Бевме свесни дека шансите да се врати по 24 часа на планината се невозможни.Со длабока тага го напуштивме базниот логор и се упативме кон Катманду.
 
Виктор Грошељ
10.05 1989година (Среда).Изутрината во три часот тргнавме кон врвот.Времето беше ведро,убаво но многу студено.Имавме проблеми со длабокиот снег,кој паѓаше предходните денови,особено во последните 350 метри.Моравме да внимаваме на секој чекор.Во тие услови не можевме да одиме заедно,секој се снаоѓаше како што знае.Во тие моменти не можев да контактирам со Диме,кој мошне добро одеше кон врвот.Бев изненаден колку е физички и психички подготвен. При качувањето ми снема кислород во боцата и тоа ми причинуваше големи тешкотии. Дишев речиси, на жабри многу бавно се движев и доста заостанував. Околу 17,20 часот Диме, а потоа и Стипе се искачија на Монт Еверест,заедно со шерпасите Сонам и Аџива.По цели 15 часа искачување успеа да се искачат на највисокиот врв на светот. Шерпасите  веднаш тргнаа за назад, сакајќи да се симнат на последниот логор додека видливоста е добра Диме и Божиќ останаа околу 40 минути. Јас на врвот се искачив некаде околу 19,30 часот.Бев на работ на силите бидејќи тие последни метри ги качував без употреба на  кислород.Диме се спушташе прв и се сретнавме на еден дел од патот но тогаш не ни помислував дека нешто можи да се случи.Ноќта беше ведра и тоа ме охрабруваше при симнувањето.Поради длабокиот снег кои ги покриваше пукнатините морав многу да внимавам.
Во последниот логор стигнав некаде околу 3 часот бев изненаден што го нема Диме,но сепак верував дека наскоро ќе пристигне,  бидејќи веќе почна да се разденува. Залудно го чекавме него го немаше во наредните неколку часови го пребарувавме теренот на патот каде што се симнувавме, но залудно не најдовме никакви траги. Поради голема истоштеност јас и Борче со шерпасите моравме да се вратиме во базниот логор Стипе остана на височина од 7790 метри,уште еден ден во исчекување да се врати Диме.
 
Стипе Божиќ
Диме ме воодушеви со својата физичка и психичка подготвеност. Се качуваше лесно,беше тешко да се следи сигурен беше дека ќе успее.Предходно ми се обрати со зборовите:Стипе ,морам да успеам ти веќе си бил на Еверест имаш,искуство ќе ми помогнеш.Времето е добро,мора да успеам. Kачувањето беше многу тешко,навистина тешко поради длабокиот снег,кој паѓаше предходните денови се движевме чекор по чекор моравме да внимаваме на секоја длабочина.
Виктор заостануваше зад нас на врвот се искачивме сите четворица.Диме прв,десетина минути пред нас.Колку само се радуваше горе на покривот на светот. Со колегите разговаравме по радио врска времето беше чисто, без магла и облаци. Пред нас се протегаше величенствен поглед на сите страни.Се обидов да снимам со 16 милиметарска камера  но поради ладното време,камерата ми замрзна.Направив неколку фотографи кога се обидов да сменам филм рацете ми замрзнаа и така престанав да фотографирам. Останавме 40-45 минути на врвот и почавме да се симнуваме.Диме тргна прв.Темпото му беше пребрзо го молев да ме чека.Поради ведрото време температурата беше околу -50 степени.Ме почека на Јужниот врв,ми помогна при поправката на светилката и пак се одели од мене.
“Диме чекај ме! свикав “.Сигурно не ме слушна. Не можев да го следам неговото брзање неговата сигнализација пред мене ја гледав до 22,30часот, на местото каде треба да се помине грбенот и каде почнува спуштањето до Јужното седло.
Во тој момент не помислував ништо лошо,верував дека е стигнат до последниот висински логор.Во еден момент изгубив рамнотежа под нозете и запливав во празно. Помислив со мене е готово.Очекував само удар.Мислев ќе излетам во некоја провалија и таму ќе ми биде крајот.За големо чудо се приземјив сосема благо и продолжив да се лизгам по мразот.Одеднаш застанав,изудрен ама цел,на висина од 8500 метри.Кога околу 2,30 часот дојдов во 4 висински логор таму беа шерпасите и Борче,кој имаше подготвено чај.По извесно време пристигна и Грошељ,но Диме го немаше.Кај Диме остана радиостаницата и не можевме да се јавиме во базниот логор . Стигнаа членовите на Американската експедиција и со нивната радистаница се јавивме во базата.Ги запознавме со случајот сите беа шокирани.
Го чекавме до 10 часот, а потоа донесовме одлука Борче и Виктор да се спуштаат надолу кон базнит логор,бидејќи и двајцата беа многу истоштени. Јас останав уште една цела ноќ и еден ден за да го пребарам околниот терен,колку што можам.
Мојата потрага не даде резултати.Од Кинеската страна беше организирана потрага и целиот терен авионски се снимаше.Јас веќе немав сили и морав да се спуштам надолу кон базниот логор.Навистина ми е жал што тоа се случи,до толку повеќе што Македонската хималајска експедиција беше одлично организирана,добро испланирана. Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес бидејки за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба често пати пртејки патека во снегот и пред шерпасите. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8200 метри каде што го причекал Стипе,кој бил зад него и имал проблеми со светилката.
 
преземено од : http://www.dimitarilievski-murato.com