ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ДИРЕКТОРОТ ЗОРАН КРСТАНОВСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ГИ ПОСЕТИЈА СЕЛАТА ДОЛНИ ДИСАН, ТРЕМНИК И ВОЈШАНЦИ

ДИРЕКТОРОТ ЗОРАН КРСТАНОВСКИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ГИ ПОСЕТИЈА СЕЛАТА ДОЛНИ ДИСАН, ТРЕМНИК И ВОЈШАНЦИ


Додадено на 08-03-2016 во НЕГОТИНО

Во рамки на Отворениот ден за граѓаните во одделението за имотно-правни работи во Неготино, градоначалникот на општина Неготино и директорот на Управата за имотно-правни работи Зоран Крстановски вчерашниот ден го искористија и за посета на три населени места во општината и тоа село Долни Дисан, Тремник и Војшанци и реализираа средби разговори со локалното население кое живее таму.

„Одржување на близок контакт со граѓаните, разговарање за нивни актуелни проблеми и изнаоѓање решенија за надминување на истите, како и подобрување на условите за живот во нивните места на живеење е основната цел на континуираните средби кои одговорните во Управата за имотно-правни работи на РМ во соработка со надлежните во локалните самоуправи ги реализираат на терен “- истакнаа во заедничкото обраќање директорот Крстаноски и градоначалникот Апостолов.

Тие остварија средби со жителите на Војшанци, Тремник и Долни Дисан на кои со месното население разговараа за актуелни прашања од имотно-правен карактер, ги слушнаа нивните проблеми и размислувања и понудија решенија за истите. При посетата на овие населени места, Крстаноски и Апостолов пред соговорниците го презентираа и проектот на Владата на РМ „Купи куќа за млади“ кој предизвика огромен интерес кај повеќе возрасни категории граѓани.

Инаку, директорот Крстановски вчера беше присутен и во одделението за имотно-правни работи каде оствари средба и разговараше со присутните граѓани за актуелни проблеми и решенија за надминување на истите.