ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ПОРАКА НЕГОТИНО СО НАГРАДИ НА ТУРНИРОТ КЕЖО 2016
Под мотото „ Дозволи ми да победам, ако не победам, поддржете ме да бидам храбар и да се обидам “ изминатиот петок во Штип се одржа четвртиот традиционален турнир во кошарка и пинг понг во машка и женска конкуренција за лица со посебни потреби „ Кежо 2016 “. На овој турнир учество земаа околу 80 ученици од посебните паралелки во Штип, Неготино и Кавадарци.
Штитениците на Центарот за помош на лица со метален хендикеп „ Порака “ Неготино и ученици од ООУ „ Страшо Пинџур “ од Неготино земаа учество и на овогодинешниот турнир и освоија неколку награди. И на овогодинешниот турнир женската екипа од општина Неготино во кошаркаа го освои второто место, додека во пинг понг во категоријата за жени Кристина Петковиќ од дневниот центар Порака го освои првото место.
Спортот е од голема важност за лицата со посебни потреби бидејќи се подобрува нивната моторика, но и се мотивираат за постигнување на одредени резултати. Преку овој турнир се испраќа порака до сите дека на секој му е потребно да спортува , да се рекреира и релаксира. Децата со посебни потреби покажуваат дека знаат да спортуваат. По завршувањето на турнирот, организаторите на најдобрите на турнирот му дипломи и пригодни награди.