ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ДО 15 МАРТ СИТЕ ГРАЃАНИ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА

ДО 15 МАРТ СИТЕ ГРАЃАНИ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА


Додадено на 18-02-2015 во МАКЕДОНИЈА

До 15 март, оваа година, сите граѓани што во текот на изминатата 2014 година оствариле дополнителен приход, до Управата за јавни приходи треба да достават годишна даночна пријава. Како што појаснуваат од УЈП, годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои покрај плата или пензија оствариле и приходи одкапитални добивки, од издавање под закуп на станбен објект (кирија) или хонорар по основа на авторски договор, потоа ако учествувале во наградна игра и оствариле добивка над 5.000 денари, ако имаат примања од странство, работно се ангажирани во амбасада или мисија на меѓународна организација. Граѓаните на општина Неготино можат да поднесат годишна даночна пријава до дирекцијата на УЈП во Неготино на отворените даночни шалтери, како и електронски.