ДО 31 ЈАНУАРИ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА ПОДНЕСАТ БАРАЊЕ ЗА ПАУШАЛНО ОДАНОЧУВАЊЕ ЗА 2015 ГОДИНА
Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално.
Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги- информираат од УЈП. Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП сите земјоделци ќе може да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои остваруваат приходи од земјоделска дејност и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност. Земјоделците кои веќе сте регистрирани во УЈП и им е доделен е даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, потребно е да поднесат само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност. Инаку, од ноември 2015 до јануари 2016 година, Управата за јавни приходи организира и обуки за земјоделците на тема: „Регистрација и паушално оданочување на земјоделци“.
сите заинтересирани земјоделци може да се пријават и да ја посетат обуката која ќе биде одржана во одредениот термин во општина/град и да се информираат за сите прашања во врска со постапките за регистрација, оданочувањето на приходите од вршење на основна и дополнителна земјоделска дејност, плаќање на персоналниот данок итн.