ДОДЕЛЕНИ 83 ВАУЧЕРИ НА НОВОРОДЕНИ ДЕЧИЊА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО
Од почетокот на примената на мерката која се реализира на предлог на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов од август 2013-та година, во изминатиот период од близу 2,5 години општина Неготино има доделено вкупно 585 вредносни вауза повеќе мерки. Ова меѓу другото го истакна градоначалникот Апостолов во пригодното обраќање пред родителите на кои денеска им беа доделени нови 83 ваучери, како и 2 ваучери за мажи на возраст над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак.
На 78 родители им беа врачени вредносни ваучери од 7.000 денари за прво или второ родено дете, 5 ваучери во вредност од 14.000 денари им се доделија на семејства кои имаат трето дете, а денеска за прв пат на иницијатива на градоначалникот Апостолов се доделија и 2 ваучери во вредност од по 30.000 денари на мажи на возраст над 40 години кои за прв пат стапуваат во брак. Апостолов ги информираше присутните дека од започнувањето на спроведувањето на овие мерки наталитетот во општина Неготино е зголемен за 19 отсто додавајќи дека додека е тој градоначалник мерката ќе продолжи континуирано да се реализира.
Родителите кои ги добија ваучерите јавно се заблагодарија на овој гест на општината истакнувајќи дека за нив како семејства со новороденчиња секоја финансиска помош е добредојдена.