ПОЧЕТНА » ФИЛМ » ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА БРИТАНСКАТА АКАДЕМИЈА ЗА ФИЛМСКА И ТЕЛЕВИЗИСКА УМЕТНОСТ

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА БРИТАНСКАТА АКАДЕМИЈА ЗА ФИЛМСКА И ТЕЛЕВИЗИСКА УМЕТНОСТ


Додадено на 09-02-2015 во ФИЛМ

Синоќа во Лондон  беа доделени  годинешните награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (BAFTA). Филмот „Boyhood“ на американскиот режисер Ричард Линклетер беше прогласен за најдобар филм, а наградени беа и филмовите за научникот Стивен Хоукинг и за поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден. Филмот „Boyhood“ кој следи дванаесет години од растењето на едно момче, освои уште две награди, Ричард Линклетер кој не беше присутен на церемонијата, е прогласен за најдобар режисер,  а наградата за најдобра женска споредна улога за истиот филм ѝ припадна на Патрисша Аркет. Годинава во трката за наградите на BAFTA предводеше „The Grand Budapest Hotel“ со 11 номинации, а по една помалку имаа „The Theory of Everything“ и „Birdman“. За најдобра актерка е прогласена Џилиен Мур за улогата на жена заболена од Алцхајмерова болест во филмот „Still Alice“, а најдобар актер Edи Редмејн кој го толкува ликот на физичарот Стивен Хоукинг во биографскиот филм „The Theory of Everything“.

Филмот „The Grand Budapest Hotel“  ја добри наградата за најдобро сценарио која им припадна на Вес Андерсон и Хуго Гинес, а на филмот „The Theory of Everything“  му беа доделени и наградите за најдобро адаптирано сценарио, за Ентони Меккартех, како и за најдобар британски филм. Најдобрата споредна машка улога ја оствари Џ.К. Сајмонс во филмот „Whiplash“, а најдобар филм на странски јазик е „Ida“ на Павел Павликовски. Филмот „Citizenfour“, историја за поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (NSA), Едвард Сноуден и за основачот на разобличувачкиот портал WikiLeaks, Џулина Асанж, е прогласен за најдобар документарен филм.