ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Дожд до пладне, а потоа се очекува разведрување
Дожд до пладне, а потоа се очекува разведрување
Додадено на 27-03-2013 во МАКЕДОНИЈА

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд особено претпладне. Попладне постепено врнежите ќе ослабуваат. Ќе дува слаб, а претпладне во западните делови умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од девет до 16 степени.

