Документарен филм за Бруно Гренинг
Документарен филм за животот и делото на исцелителот Бруно Гренинг ќе се прикажува во недела во кино салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино од 19 часот.
Филмот зборува за поуките кои ги давал Гренинг. Се вели дека токму тој е најголемиот исцелител кој го познава модерниот свет, но и за дружението на негови следбеници. Денес постои т.н. „Круг на пријателите на Бруно Гренинг“ кој брои повеќе од шеесет илјади членови и повеќе од седумдесет земји од светот.
Бруно гренинг е роден 1906 година во Германија и уште од петгодишно дете тој почнал да исцелува и да прави чуда кои се посведочени во филмот за него.
Е.Д.