Дона Арес: Сама ќе си отпеам хуманитарен концерт!
После неколку хемотерапииБосанската пејачка Дона Арес не се откажува од намерата да ја победи болеста. Но, не само тоа, таа има многу планови за наредната година.

Пејачката подвлече дека нема да чека да оздрави за да снима нешто ново, како и дека моменталната ќелавост може да претрпи разни трансформации.
Дали ми верувате дека имам милион планови… добро не баш милион, но ги имам толку што не знам што попрво. Но самото ќе си се распореди. Во секој случај не размислувам за болеста, никогаш и никако. Ги игнорирам сите нарушувања и мачнините и сѐ што ме снајде и планирам некои свои уметнички проекти. Сакам да кажам дека моето креативно планирање и делување ќе ме одржува. Помеѓу терапиите ми помага и плетењето. Плетењето не е само заборавена рачна работа, туку терапија против невропатија, а и врвен психо одмор. Не верувам дека ќе чекам да оздравам за да излезе нешто ново. Ќе го искористам секој „добар“ момент. Оваа „фризура“ ми овозможува да бидам сѐ што сакам, трпи секакви трансформации, па зошто да не се искористи во уметноста, нешто што ќе остане засекогаш.
Во секој случај не планирам да седам и да чекам да оздравам за да снимам нова песна или спот. Како што реков ќе ги искористам сите „добри денови“. Еден ден се пошегував „Јас сама себе ќе си отпеам хуманитарен концерт, ако некаде заглави….ама луѓе,…нема предавање, што и да ве снајде, не е појако од вас. Запомнете!!! А фризурата, тоа е само изглед, ќе помине, ги подели вака пејачката плановите за оваа година на својот Фејсбук со пријателите.

