Донаторска акција со запленетата царинска роба
Додадено на 11-01-2014 во НЕГОТИНО
Вчера заврши акцијата на Центарот за социјална работа во Неготино при којашто се донираа обувки, облека и прибор за домаќинство на повеќе општествено загрозени категории меѓу кои и многудетни семејства и деца со церебрална парализа.
Донираните предмети се дел од робата што е запленета на царините, а царината ја распределила во Центрите за социјална работа низ цела Македонија.
Од Министерството најавуваат и други донаторски акции на разни предмети запленети од Царината во следниот период.