ДОНИРАНИ СРЕДСТВА ОД ХУМАНИТАРНИОТ ТУРНИР ВО ОДБОЈКА КОЈ СЕ ОДРЖА ВО НЕГОТИНО
Хуманитарниот турнир во одбојка кој изминатиот викенд се одржа во спортската сала на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ во Неготино успешно ја потврди својата цел.
Имено вчера организаторот Димитар Аврамов заедно со надлежните од подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика и претставник на општина Неготино од собраните финансиски средства набавија и донираа прехранбени производи и бела техника на социјално загрозени семејства во Неготино во селата Долни Дисан и Криволак. Организаторите и денеска ја продолжија хуманоста и донираа продукти на уште едно семејство од социјално ранлива категорија.
Истовремено, младите хуманитарци изразија голема благодарност до општина Неготино и центарот за социјални работи, а особено до сите граѓани од општина Неготино кои беа дел од турнирот и масовно ги проследија сите одиграни наптпревари и на дело ја покажаа својата хуманост. Со ова турнирот додава Аврамов ја достигнал својата финална идеја и се надева дека во иднина ќе продолжи со вакви активности кои носат многу љубов и радости.