Дополнителен рок за кандидатски листи
“Владата на Република Македонија денес по итна постапка усвои закон со кој се утврдува нов рок за доставување на листи на советници и кандидати за градоначалници, до 3-ти март на полноќ. Усвоениот закон е испратен до Собранието, каде ќе стане законска можност и ќе стапи на сила веднаш“, истакна Јанкулоска.
По бројните предлози, ваквото усвојување и испраќање за прифаќање, рече Јакулоска, покажуваме потполна заштита и промоција на државните интереси и интересите на граѓаните.
“После повеќето иницијативи и предлози за надминување на политичкиот предизвик, и после пакетот на мерки кои го предложи премиерот Никола Груевски на 12.02.2013 година и после вчерашниот предлог, денешното усвојување од страна на Владата на измените на Изборниот законик, и итното испараќање во Собранието на истите законски измени на прифаќање, покажуваме конкретен чин кој значи соодветен, законски и прецизен модел за надминување на предизвиците и обезбедување на потполна заштита и промоција на граѓанските, државните и национални интереси, и реализација на нашата европска интеграција. СДСМ бараше 7 дена во кои тие би можеле да ги достават своите кандидатски листи за советници и кандидатските листи за градоначалник, тоа во официјална изјава потпретседателот на СДСМ Зоран Заев јавно го истакна и ние тој рок им го овозможуваме, и тоа со закон“, рече Јанкулоска.
ВМРО-ДПМНЕ цени дека високо значење и позитивни резултати би имало и доколку пратениците на СДСМ денеска дојдат во Собранието и заедно со пратениците од владеачкот мнозинство заеднички ги усвојат предлжените законски измени со кои се давааат 7 дополнителни дена за поднесување на кандидатските листи за учество на локалните избори на 24 март.