ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ДОТОКОТ НА ЦРНА РЕКА ВО ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО ОД 370 МЕТРИ КУБНИ ВО СЕКУНДА НА 2. ФЕВРУАРИ ДЕНЕСКА СЕ НАМАЛИ НА 170 МЕТРИ КУБНИ ВО СЕКУНДА И ИМА ТЕНДЕНЦИЈА НА ОПАЃАЊЕ.

ДОТОКОТ НА ЦРНА РЕКА ВО ТИКВЕШКОТО ЕЗЕРО ОД 370 МЕТРИ КУБНИ ВО СЕКУНДА НА 2. ФЕВРУАРИ ДЕНЕСКА СЕ НАМАЛИ НА 170 МЕТРИ КУБНИ ВО СЕКУНДА И ИМА ТЕНДЕНЦИЈА НА ОПАЃАЊЕ.


Додадено на 05-02-2015 во КАВАДАРЦИ

  

Моменталната исполнетост на акумулацијата Тиквешко Езеро е 65 %  од вкупната зафатнина велат од ЕЛЕМ  што значи дека се уште има  простор за прием на нови дотоци  со оглед на најавите за нов бран на врнежи кои се очекуваат овој викенд. Моменталната кота  на Тиквешкото Езеро изнесува 257  што значи остануваат уште 8 метри до критичната кота за прелив . Добрата вест е што во изминатово деноноќие регистрирано е опаѓање на дотокот на  на води во  акумулацијата речиси двојно споредено со дотокот на 2 Февруари кога беа измерени рекордни 370 метри кубни во секунда.  Мерењата од денеска покажуваат доток на Црна река од 170  метри кубни во секунда. Заради превентивни мерки минатиот викенд ХЕЦ „Тиквеш“  го прекина производството на електрична енергија. Во овој момент   работата четирите турбини во зависнот од потребите на електрична енергија во системот -информираат од ЕЛЕМ.