ПОЧЕТНА » СПОРТ » Дресовите на Реал и Јунајтед најпродавани

Дресовите на Реал и Јунајтед најпродавани


Додадено на 22-10-2012 во СПОРТ

Според истражувањето на германска маркентиншка компанија за односи со јавноста, дресовите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се најпродавани.

 

 

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед имаат најпродавани дресови. Ова го покажа истражувањето на една германска маркентиншка компанија за односи со јавноста. Тука треба да се напомене дека истражувањето е направено според продажбата на дресови произведени од спортските компании „Адидас“ и „Најк“.

Дури 1,4 милиони фанови низ целиот свет ги купиле годинешните дресови на Реал Мадрид (Адидас), а исто толку и на Манчестер Јунајтед (Најк). На третото место е Барселона со 1,15 милиони продадени дресови, додека во Топ 10 по следниот редослед влегуваат Челзи, Баерн, Ливерпул, Арсенал, Јувентус, Интер и Милан.