ДРЖАВНИТЕ ПРВАЦИ ВО ППЗ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ
Државните прваци во противпожарна заштита Кристина Ристова, Пане Андов и Цветанка Пасинечка од ООУ „ Страшо Пинџур “ од Неготино заедно со својот ментор наставничката Магдалена Ристова и командирот на ТППЕ Иле Илиев денеска беа во посета на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. За текот на целиот натпревар но и за оние кои му претходеле, учениците го запознаа градоначалникот и истакнаа дека и понатаму ќе продолжат со ваквите успеси. За овој успех секако најзаслужни се учениците кои со своите знаења успеаја да се изборат и да ги постигнат овие резултати. Градоначалникот Апостолов им честиташе на остварувањето на ваквите одлични резултати и истакна дека овие резултати како за самите ученици така и за општина Неготино се од огромно значење и придонесуваат за афирмацијата на општината.