ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КИК БОКС

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО КИК БОКС


Додадено на 14-06-2016 во НЕГОТИНО

Викендов 18 и 19 јуни во општина Неготино ќе се одржи Државно првенство во кик бокс. Овој настан е во организација на Кик Боксинг федерацијата на Македонија и кик бокс клубот „ Гладијатор “ од Неготино.

Како еден од иницијаторите на овој настан е и светскиот шампион и најтрофеен македонски кикбоксер Димитар Ѓорѓиев кој потекнува токму од Неготино. Државното првенство во кикбокс ќе се случува два дена, 18 и 19 јуни (сабота и недела ) во СРЦ „ Младост “ Неготино.

Почетокот на настанот ќе го означи познатиот шоумен на Македонија Игор Џамбазов. Првенството ќе започне во сабота со почеток од 13 часот. Во сабота ќе се натпреваруваат сениорите, а во недела јуниорите и кадетите кикбоксери.

Целиот настан има и хуманитарен карактер. Сите собрани средства од влезниците од првенството кои чинат 50 денари но и останати донации ќе бидат донирани за младиот Илија Таневски кој во моментов е на лекување во Германија. Сите заинтересирани картите може да ги купат во кладилница Мар Бет, МИД компјутерс и Бизи Бургер или пак на влезот на денот на првенствата. Организаторите ги покануваат сите заинтересирани љубители на спортот да дојдат и да уживаат во борбите но и да ја покажат својата хуманост.