ДУХОВДЕН 2016 РОСОМАН
Духовден фест 2016 та ќе слави општина Росоман во престојниот продолжен викенд. Продолжува традициналната манифестација со која некогаш и официјално започнуваше праскоберот во Росоманско. Својствено на временските услови годинава бербата на праски е веќе во полн ек, но манифестацијата со останатите карактеристики продолжува. Организаторот градоначалникот и советот на општина Росоман и овој пат најавуваат одлична и скромна културно уметничка манифестација Духовден 2016 та. Стартот е закажан за во петок, а манифестацијата започнува со пријателски спортски натпревари помеѓу институциите, како и со младинскиот турнир во фудбал. Сабота е ден за културна програма информира организаторот. Публиката ќе ужива во народната музика, традиционалната македонска песна и ора. Ќе настапат повеќе културно уметнички друштва пријатели на КУД Росоман, играорци, но и учесници на детскиот фестивал Ластарчиња. Ќе има репертоар за сите генерации по што во недела Росоман ќе празнува во знакот на селската слава и традиционалниот дувденски панаѓур кој и годинава ќе биде широко распространет со голем број тезги. Новина годинава е кулинарскиот натпревар.Учесниците ќе готват традиционална јанија, а за најдобите кулинари кој ќе ги оценува стручна комисија составена од професионални готвачи ќе има и скромни награди и признанија. Манифестацијата Духовден 2016 та и годинава според програмата завршува во понеделник со традиционалниот собир во храмот Св.Тројца. Градоначалникот Стојанче Лазов и советот на општина Росоман ги покануваат сите граѓани да бидат дел од празнувањето каде царува најубавата праска.