ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ЕДУКАТИВНА ОБУКА ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ПОРАКА НЕГОТИНО

ЕДУКАТИВНА ОБУКА ВО ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ПОРАКА НЕГОТИНО


Додадено на 02-06-2016 во НЕГОТИНО

Центарот за лица со ментален хендикеп „ Порака “ Неготино продолжува со активностите за спроведување на проектот „ Грин хаус “ или Зелена куќа. Имено деновиве во дневниот центар „ Порака “ беше спроведена обука за одгледување на цвеќиња која ја спроведе експерт во областа на хортикултура, професор во СОЗШУ „ Ѓорче Петров “ Кавадарци. Корисниците на центарот се стекнаа со основни познавања и практични совети кои ќе им користат во понатамошната работа во одгледувањето и грижата на цвеќињата во Зелената куќичка.

Инаку, Дневниот центар за помош на лицата со ментален хендикеп „Порака“ во Неготино со финансиска поддршка од амбасадата на Австралија во Белград започна да го реализира овој проект за производство на цвеќе преку чие спроведување се очекува да се зголеми квалитетот на животот на лицата со ментален хендикеп и да го  подиге нивото на нивната социјална вклученост во општеството.

Во реализацијата на проектот се вклучени 15 штитеници од „Порака“ кои ќе одгледуваат цвеќиња, ќе ги продаваат на локации во Неготино, за својот ангажман ќе добиваат одреден финансиски надоместок, а дел од средствата ќе бидат наменети за набавка на семенски материјал. На дел од неискористениот простор  на дворната површина на „Порака“ изградени се две мали куќи за одгледување на цвеќе, а штитениците своевидна помош при одгледувањето ќе имаат и од страна на стручни лица од областа на хортикултурата.