ЕДУКАТИВНИ ПРИКАЗНИ ВО НЕГОТИНСКАТА БИБЛИОТЕКА
Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино продолжува со реализацијата на активностите во рамки на акцијата „ Сакај ја твојата библиотека “.
„ И оваа сабота 11 јуни од 11,00 до 12,30 часот Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино е отворена за најмладите. И овој пат ќе имаат можност да се дружат, забавуваат, да слушнат приказни и да цртаат. Во оваа саботна дружба неготинската локална библиотека ќе ве носи на Сафари во Африка со неверојатната приказна За лавот кој ги сака луѓето “- вели директорката на библиотеката Катерина Данаилова.
Досегашните спроведени активности во рамки на акцијата „ Сакај ја твојата библиотека “ се покажаа како доста успешни па токму тој е и поводот што и оваа сабота најмладите на возраст од 3- 7 години ќе имаат можност да се дружат, забавуваат и да научат многу нови работи. Досега неготинската библиотека ги спроведе едукативните работилници за Насмеаната пролет, егзотичните птици, патувањата во светот на дивите животни, Здравата храна како и многу други.
Од локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино ги покануваат сите заинтересирани и оваа сабота да бидат дел од едукативните приказни и креативни работилници на библиотеката и се надеваат дека успешно ќе бидат истите реализирани.