ЕДУКАТИВНИОТ ФИЛМ НА ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ОД НЕГОТИНО ИЗБРАН ЗА ЕДЕН НАЈДОБРИТЕ ВО РАМКИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕДУКАТИВНИ ФИЛМОВИ КРЕФ . УЧЕСТВО ЌЕ ЗЕМАТ И ВО ФИНАЛЕТО КОЕ ЌЕ СЕ ОДРЌИ ВО МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВО КОПАОНИК, СРБИЈА
На Меѓународниот фестивал на едукативни филмови " КРЕФ" во категорија „ Наша најдобра наставна пракса “ ,ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино влезе во најдобрите во конкуренција на училишта и наставници од Македонија и Србија и обезбеди учество во финалето за КРЕФ-ОСКАР кој ќе се одржи од 23-25 септември годинава во Копаоник, Р. Србија.
Темата на креативниот едукативен филм кој го изработија одделенскиот наставник Елена Стојанова заедно со учениците од прво а одделение беше „ Претходник и следбеник на броевите до 20 “ во кој учениците преку најразлични начини ги покажуваат методите на учење на претходниците/следбениците на броевите.
Инаку, организатор на овој меѓународен фестивал е Учителско Друштво Лесковац и Министерство за оразование и технолошки развој на Република Србија. На истиот можеа да се претстават сите државни и приватни училишта со по еден филм од еден автор. Филмот мора да е сниман во текот на учебната 2015/2016 и да трае од 4 до 6 минути. Содржината на филмот треба да прикаже континуитет на креативна обработка на една наставна содржина од редовната наставна содржина.
Со едукативниот филм „ Наша најдобра наставна пракса “ менторот Елена Стојанова но и училиштето ќе имаат можност да го претстават ООУ „ Гоце Делчев “,општина Неготино и Р.Македонија во најдобро светло.