ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ЕКСПЕРТИТЕ СО ПРЕПОРАКА ДО ЛОЗАРИТЕ ДА НЕ БРЗААТ СО КРОЕЊЕ

ЕКСПЕРТИТЕ СО ПРЕПОРАКА ДО ЛОЗАРИТЕ ДА НЕ БРЗААТ СО КРОЕЊЕ


Додадено на 20-01-2016 во КАВАДАРЦИ

-9 степени се измерени утринава во Кавадарци. Најниска температура  од -11 степени оваа зима е измерена на 1 јануари, покажуваат податоците од метеоролошката станица во Кавадарци. Стручните лица велат дека засега нема некоја посериозна опасност од мрзнење на виновата лоза, но сепак апелираат да не се брза со кроење, бидејќи лозјата каде е завршена резидбата може да бидат на удар на негативните температури.

„Посебно на удар се осетливите сорти на грозје, како што е вранецот. Многу е важно колкава е експозицијата на ниска температура, бидејќи генерално виновата лоза издржува ниски температури.  Доколку температури од -15 се задржат неколку часа тогаш и опасноста од мрзнење е поголема“ вели проф. Д-р Ристо Вучков.