Етвининг проектот Interactive European Pathway награден со Национална награда за квалитетен проект
Етвининг проектот Interactive European Pathway на кој работеа ученици од 8 одделение заедно со наставничката по информатика Ѓорѓина Димова е награден со Национална награда за квалитетен проект за креативна употреба на ИКТ алатки.Во рамките на проектот сите земји учеснички изработија постер со основните информации за земјата и видео.
За постерите и видеата потоа беа креирани QR кодови кои ќе бидат отпечатени и ставени во училиштето за секој да може преку телефонот да го скенира кодот и да го виде постерот или видеото. Исто така беше искористена и апликацијата Ауразма која исто така овозможува на креативен начин споделување на видеа. Во проектот учествуваа следните ученици: Марија Костадинова – постер, видео: Цветанка Пасинечка, Душица Јефремова ,Ангела Вучкова ,Ангела Бојкова ,Давид Најдов, Јован Џолев.