ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА КОНЦЕРТОТ НА ТОНИ ЦЕТИНСКИ ВО СКОПЈЕ
На концертот на Тони Цетински, кој е закажан за седум дена, на 28 ноември во спортскиот центар Борис Трајковски, како специјален гостин ќе се појави Жељко Јоксимовиќ, долгогодишниот пријател и соработник на Тони.
Тони и Жељко се пријатели повеќе од 20 години а пред извесно време ја промовираа и заедничката песна „Заблуда“. Инаку, Цетински беше ексклузивен гостин на концертот на Жељко во Нови Сад, а овојпат Јоксимовиќ ќе гостува кај Тони на концертот во Скопје.
„Благом оно ко те има “, „Опет си победила“, „Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав“ се дел од хитовите кои што ја бележат кариерата на пејач од рангот на Тони Цетински и кои ќе бидат дел од концертот. Сепак, концертот нема да биде како и секој друг поп концерт, затоа што Цетински најавува и оперски елементи, голем оркестар, хумор и глума, но пред се музички интензитет во кој што ќе уживаат сите генерации.