ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ЗА САМО 6 МЕСЕЦИ, 1000 ДЕЧИЊА ОД МАКЕДОНИЈА ПРИМИЛЕ ВАКЦИНА ПРОТИВ БАКТЕРИЈАТА СТРЕПТОКОКА

ЗА САМО 6 МЕСЕЦИ, 1000 ДЕЧИЊА ОД МАКЕДОНИЈА ПРИМИЛЕ ВАКЦИНА ПРОТИВ БАКТЕРИЈАТА СТРЕПТОКОКА


Додадено на 20-01-2016 во МАКЕДОНИЈА

За шест месеци само 1.000 дечиња примиле од вакцината против бактеријата стрептокока, иако Министерството за здравство летово набави 3.000 дози од вакцината, која не е во задолжителниот календар за имунизација. Со последниот тендер за набавка на вакцини Министерството за здравство набавило дополнителни 3.000 дози од вакцината против стрептокока, која може да ја примат дечиња на возраст од шест месеци до 5 години. "Одѕивот за вакцинација против стрептокока постепено се зголемува, имајќи предвид дека се работи за вакцинација на доброволна основа. Од првично набавените 3.000 дози, досега се потрошени се 1.000. Најголем интерес за вакцинација постои во Скопје, Велес и во останатите поголеми градови", велат од Министерството за здравство. Педијатрите препорачуваат родителите да ги однесат децата на вакцинирање, со оглед на големиот број заразени деца со стрептокока, која ако навреме не се лекува може да предизвика сериозни последици по здравјето. Во овој период од годината имазголемен број пациенти со инфекција од стрептокока. Едно влијае и што е сезона на грип, полесно настинуваат и на тоа се лепат и бактерии. Друго и загадувањето на воздухот влијае, а почеста е инфекцијата кај децата што одат во градинка, велат педијатрите. Тие објаснуваат дека бактеријата стрептокока може да предизвика воспаление на белите дробови, воспаление на увото, бронхитис, сепса, менингитис и артритис. Вакви компликации најчесто се јавуваат кај деца со намален имунитет или кај деца кај кои инфекцијата не е навреме откриена и третирана. Лекувањето пак на компликациите од инфекцијата со стрептокока е со долготрајна терапија со антибиотици. Според податоците од Министерството за здравство околу 2.000 деца годишно во земјава добиваат бактериска пневмонија, а над 1.000 деца добиваат воспаление на увото, а во 90 отсто од случаите предизвикувач е стрептококата.