ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Заврши зимскиот распуст, учениците се враќаат на настава

Заврши зимскиот распуст, учениците се враќаат на настава


Додадено на 20-01-2015 во МАКЕДОНИЈА

Заврши зимскиот распуст, околу 280.000 основци и средношколци денеска се враќаат во училишните клупи. Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата (СОНК) најави штрајк за почетокот на второто полугодие. Но и покрај тоа членови на СОНК и надлежните во повеќе општини низ Македонија се изјаснија дека нема да го поддржат штрајкот и второто полугодие од учебната 2014/2015 година во нивните основни и средни училишта ќе почне без одложување.

 

Тие ги повикаа учениците денеска да дојдат на училиште затоа што наставата ќе се одвива без никакви пречки, а родителите да ги донесат децата во градинките, бидејќи и тие нормално ќе функционираат. СОНК најави дека неговите членови ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат своите работни задачи,а надлежните соопштија дека за просветните работници кои сакаат да штрајкуваат ќе бидат обезбедени замени, а за тоа време нема да примаат плата. Учениците доколку губат настава поради штрајк, наставата ќе треба да се одржи во саботите или пак ќе се продолжи учебната година.