ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ЗАВРШИ ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО РАКОМЕТ НЕГОТИНО 2016

ЗАВРШИ ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО РАКОМЕТ НЕГОТИНО 2016


Додадено на 04-04-2016 во НЕГОТИНО

Во организација на ракометниот клуб „ Вардар “ од Неготино со поддршка на градоначалникот Ванчо Апостолов и локалната самоуправа викендов во спортската сала на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ во Неготино се одржа првиот меѓународен турнир во ракомет „ Неготино 2016 “.  На овој натпревар учество земаа 8 екипи, 4 во машка и 4 женска конкуренција од Македонија, Германија и Косово.

Во женска конкуренција четвртото место го освои екипата на Струма 1 Струмица, трето пласирана беше Струма исто од Струмица, второто место и припадна на екипата на ЖРК „ Вардар “ од Неготино, а победник беше екипата на Виденбрук од Германија. Во машка конкуренција надобри беа домаќините, ракометарите на Вардар од Неготино, второто место го освои екипата на Беса фамилија од Косово, третопласирана беше германската екипа Виденбрук, а четвртото место и припадна на екипата на Астраион од Струмица. За најдобар голман на овој турнир во женска конкуренција беше прогласена Ариане Нимеирер, најдобар стрелец  Лина Лукас и најдобар играч Елиса Фисан-сите од екипата на Виденбрук. во машка конкуренција за најдобар голман на турнирот беше прогласен Александар Мицев, најдобар стрелец Драган Кузманов, а најдобар играч Јон Мучоли.Наградите на најдобрите ги додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој воедно и го прогласи турнирот за затворен.



.