ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА НЕДВИЖНОСТИ, СТРАТЕШКА ЦЕЛ НА КАТАСТАРОТ
Раководителот на Подрачната единица на Агенцијата за катастар на Република Македонија во Неготино Јордан Паунов на прес-конференција информираше дека една од стратешките цели на Катастарот веќе извесен период е запишувањето на правата на недвижностите, односно спорведување на девизата „да се знае кој недвижен имот во чија сопственост е “. Од различни причини во одредени катастарски општини, потенцираше Паунов, запишувањето на правата на недвижности останале со запишани права нешто над 20 отсто, па токму затоа е преминато кон реализација на намалување или давање можност речиси секоја парцела да биде со запишано право на сопственост. Во изминатите 2 години на теротпријата на цела држава ваквата можност ја имаат искористено околу 10.000 граѓани на кои бесплатно им се запишаа правата на сопственост на 16.000 катастарски парцели од кои дел и во општина Неготино, при што незапишани се останати нешто помалку од 10 отсто од катастарските парцели. Со цел и овие незапишани парцели да се евидентираат, Владата на РМ донесе одлука со која за ажурирање на податоците по службена должност за 2016 година се предвидени нови 29 катастарски општини каде што во текот на цела година ќе може бесплатно да се запишуваат правата на недвижности.