ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Запленета стока без документација

Запленета стока без документација


Додадено на 13-01-2013 во МАКЕДОНИЈА

Мобилната единица за прекуграничен криминал при Секторот за гранични работи и миграции(СГРМ), при вршење на редовна контрола на лица и возила, на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, на влез во с.Ранковце, во патничко возило “Фолксваген Транспортер” откри поголемо количество стока од трговски карактер за која немало потребна документација.

Како што соопшти МВР, при контролата на посоченото возило, завчера (10.01.), околу 14,00 часот управувано од Н.З. во кое патувал и сопатникот Љ.З., двајцата од Скопје, биле откриени повеќе кутии со стока спакувани во црни ќеси и при деталниот преглед на комбето во ЈЦС во Куманово откриена е следната трговска стока: 1.860 парчиња наочари со диоптер, 290 парчиња батериски светилки, 140 футроли за наочари, 900 марамчиња за наочари, 288 парчиња кармин за уста, 45 батерии за 3.7В, и 40 парчиња адаптери за лап топ. 

За оваа стока Н.З не поседувал никаква документација, а од обавениот разговор со двајцата дознаено е дека стоката пред неколку дена е пренесена од Република Бугарија од страна на непознати лица од Крива Паланка за што им е платен надомест, а потоа Н.З. и Љ.З. требало да ја достават во некои продажни места во Скопје. 

Во координација со царинските службеници, стоката е одземена со потврда за привремено одземени предмети, и од страна на Царинската управа ќе биде поднесена соодветна пријава за инволвираните во случајот, стои во соопштението.