ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА КАЈ ДУБРОВО
Започна стартот на работата за реконструкција на водоводната мрежа во Дуброво со комплетно нов цевковод во должина од 1380 м2 каде беа детектирани најголеми загуби на водата. Изведувањата на лице место ги следеше и градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов.
„ Во рамки на реализацијата на програмата за комунални дејности, а со цел за подобрување на водоснабдувањето во општина Неготино, започнавме со реконструкција на водоводната мрежа кај Дуброво во должина од 1380 м2, со комплетно нов цевковод, со тоа што ќе се постават Ф-140 цевки со издржливост на притисокот на водата од 10 бари, а овие 15 литри кои досега се губеа ќе останат во мрежата и ќе доаѓаат до домовите на граѓаните “- вели градоначалникот Апостолов.
Благодарение на имплементирањето на проектот на „ Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење “ беа откриени и детектирани дефектите и загубите на вода во водоводната мрежа, па сега со тие во водоводната мрежа има дополнителни 45 литри вода во секунда со што се подобри водоснабдувањето во општина Неготино.