ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ЗАПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА КАРНЕВАЛИ

ЗАПОЧНУВА СЕЗОНАТА НА КАРНЕВАЛИ


Додадено на 25-01-2016 во МАКЕДОНИЈА

Од следниот викенд, годинава порано заради Велигден, почнуваат фештите низ Европа и светот. Најпознатата костимирана забава на планетата, онаа во Рио де Жанеиро, почнува на 5 февруари. Со спектакуларно отворање на најпопуларниот карневал на светот на 23 јануари во Венеција почнува сезоната на годинешните фестивали. Познатата фешта во Венеција годинава почнува многу рано, а на Плоштадот Свети Марко до 9 февруари ќе се шетаат туристи во костими како да се излезени од претставата „Фантом од операта“. На фестивалот ќе има екстравагантни забави, топло чоколадо под маски, вечери со Казанова, крстарење под месечина, бал на гондолиерите. Штом ќе се заврши венецискиот, почнува карневалот во Виареџо. Карневалот трае од 7 февруари до 5 март и ќе ја понуди најдобрата забава во Италија. Во Тернано, пред базиликата Сан Валентино, ќе се одржува најголемиот светски фестивал на вљубените. Најпопуларниот кинески фестивал, прославата на Новата година, се нарекува и „пролетен“ и почнува на 9 февруари, а иако се прославува ширум светот, најголемиот спектакл ќе биде во Пекинг, Шангај и Хонг Конг.

Најинтересниот хинду фестивал ќе се одржи во Индија. Почнува кон средината на март, односно кога ќе се појави полната месечина и ќе трае до следната полна месечина. Најинтересниот фестивал во Белгија се оддржува во Бинш, од 7 до 9 февруари, а почнува во Собранието на градот. Локалното население има бели маски со зелени очи, а луѓето носат бастун и се нарекуваат Жил. Фестивалот е под заштита а УНЕСКО. Неспоредливо позабавно ќе биде во Ивреј, во Шпанија, бидејќи 3.500 учесници ќе се гаѓаат со 400.000 килограми портокали. Битката со портокали почнува на 23 јануари со големо костимирано дефиле, а градот ќе биде портокалов до 10 февруари. Карневалот во Рио почнува на 5 февруари, но малку туристи од овие краишта ќе играат на Самбадромот, бидејќи цените на овој фестивал отидоа до облаци! Неспоредливо поблиску и поевтино е да се отиде до Тенерифе, на карневалот што почнува на 31 јануари и се завршува  на 13 февруари со голема парада во Пуерто дела Круз. Сепак, „највкусниот“ фестивал ќе се одржи во Москва на 7 март или Масленица, која е слава во чест на палачинките. Покрај вкусната храна, ова е и правиот фестивал на словенска култура.