Зголемена поддршка за Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот
„Општина Неготино е подготвена да излезе во пресрет на барањето на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во делот на зголемена поддршка на Општинскиот совет и тоа преку давање поголема финансиска и логистичка поддршка“ - изјави градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов додавајќи оти и досега локалната самоуправа имала и ќе има одлична соработка со Советот кој се грижи за безбедноста на сообраќајот на територијата на неготинска општина. Ова од причина, додава Апостолов, што активностите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата придонесуваат за помалку жртви и материјална штета, туку и до зголемена перцепција за квалитетно и совесно работање на самата општина и градоначалникот. Покрај од локалната самоуправа, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Неготино за сите активности кои ќе ги реализира во соработка со општината ќе ја има несебичната и континуирана поддршка и од Републичкиот совет кој е главна институција задолжена за превентивно делување и подигнување на сообраќајната свест и култура кај населението.