ПОЧЕТНА » Земјоделие » ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОРГАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПВРШИНИ СЕ ОЧЕКУВА ВО 2016 ГОДИНА

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОРГАНСКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПВРШИНИ СЕ ОЧЕКУВА ВО 2016 ГОДИНА


Додадено на 21-01-2016 во Земјоделие

Минатите години бележевме намалување на површините со органско производство, а од оваа година експертите од оваа област  очекуваат зголемено производство што се должи на повеќе фактори. Еден од факторите е зголемениот интерес на купувачите кои веќе се организираат во разни формални и неформални групи и нивното поврзување од директните производители кои веќе воспоставуваат некакви договорни односи. Истите тие организации бараат соработка со сертификациските тела кои вршат контрола.

Според официјалните податоци со кои располага министерството за земјоделство најголем подем во органското производство во Македонија имавме во периодот на 2010 и 2011 година кога бројот на хектарите под сертифицирано органско производство достигнале бројка до 6580 хектари а бројот на операторите во органското производство дури 780. За ќал овие површини во 2014 година се намалиле на 2359 хектари  а бројот на оператори на 344. Она што е интересно да се спомене дека  растителното органско производство во 2014 година житните култури биле застапени на 702 хектариа во преоден период кон органско сме имале уште 193 хектари. Овошните насади сме ги имале на 109 хектари а во преоден период се уште 317 хектари со овошни насади. За тиквешијата интересен е податокот дека 22,7 хектари се со сертиофицирано органско производство но во период на серттификација се уште 30 хектари. Сите овие податоци одат во прилог на  најавата дека во 2016 година ќе се зголемат површините под органско производство.  Охрабрувачка  е состојбата и во сточарството каде  во 2014 година сме имале 1363 говеда а во преоден  период кон органско сточарење се уште 773 грла. Во овчарството од вкупно 36 486 овци  одгледувани во органски услови во преоден период се уште 16 998, а кај козите на 1749 грла  ќе им се придружат уште 527 грла кои се во преоден период. Во Македонија  во 2014 година сме имале 5 357 пчелни семјства во органското пчеларење на кои најверојатно во изминатава година им се придужиле уште 928 пчелни семејства од кои значаен дел се во Тиквешијата..