ПОЧЕТНА » Земјоделие » ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ЗАДРУГИ

ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ЗАДРУГИ


Додадено на 21-01-2016 во Земјоделие

Клучен предизвик  за македонскиот аграр во новата 2016 година  и понатаму останува определбата како земјоделецот да произведе повеќе, поквалитетно и тоа да го продаде  смета министерот за земјоделство  Михаил Цветков.

Тој смета дека најдобри резултати може да се постигнат со здружување во земјоделски задруги модел кој веќе успешно функционира во западноевропските земји. Носител на овие промени во здружено земјоделско производство  треба да бидат младите земјоделци од кои се очекува да ги применуваат новите технологии.  Затоа преку програмата за рурален развој се доделуваат средства  во износ од 10 000 евра  за секој млад земјоделец. Во изминатава 2015 година за оваа мерка се јавиле 103 земјоделци што значи дека  се поделени  повеќе од еден милион евра. Целта е вели Цветков  токму ови млади земјоделци да применуваат нови  и современи технологии во своето земјоделско производство. Како и секаде во светот така и нашите млади треба да се организираат во задруги бидејќи овој модел се покажа и функционира како  успешен во многу западноевропски земји. Во оваа насока за јакнење на на задругарството од ИПА 2 програмата на Македонија и се одобрени два милиони евра. Избрани се италијански консултанти кои овој месец, со нивен грант, ќе ја скенираат моменталната состојба во македоснкото задругарство и врз база на  таа студија  ќе предложат како најдобро да се искористат средствата. Министерството за земјоделство смета дека  најдобро е средствата да се искористат  за изградба на нови објекти, откупни центри, ладилници и купување на механизација во насока на  осовременување на производството.  Значајно е да се спомене дека за зајакнување на задругарството во 2017 година преку ИПА 2 Министерството за земјоделство има на располагање два милиони евра и  плус уште 1,5 милиони евра ќе бидат на располагање до 2019 година. Истовремено за задругарството многу поволности  се предвидени и од биџетските средства и тоа 90 отсто се субвенционира набавката на механизација, 30 отсо се зголемуваат субвенциите и се плаќа личниот доход на менаџерот во земјоделската задруга.