ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ТОНИ ЛАЗОВ, А СРЕБРЕН ЗА АНА ПЕТРОВА НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
Најдобрите шахисти од Неготино Тони Лазов и Ана Петрова денеска остварија средба со градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Ова средба тие ја искористија да ги споделат резултатите од Државното првенство во шах за средношколци во машка и женска конкуренција. На овој државен натпревар Тони го освои првото место со освоени 5,5 поени и се закити со златен медал, додека Ана го освои второто место со освоени 3,5 поени. Градоначалникот Ванчо Апостолов средбата ја искористи да им честита за одличниот успех, да каже дека е горд на бројните успеси на двајцата млади шахисти и секогаш ќе ја имаат неговата и поддршката на локалната самоуправа.