ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА ГОДИНЕШНАТА НАГРАДА ЗА ТРАЈНИ МУЗИЧКИ ВРЕДНОСТИ ЌЕ МУ ЈА ДОДЕЛИ НА ИГОР ЏАМБАЗОВ
Музичката академија на радио „Бубамара” оваа година без двоумење одлучи наградата за Трајни музички вредности да му ја додели на Игор Џамбазов.

Наградата за животно дело ќе им биде доделена на легендите на македонската народна музика дуетот Селимова-Желчески. Специјалното, 19. издание на „Златна Бубамара на популарноста“ годинава ќе се одржи на 18-ти февруари во „Метрополис арена” во Скопје под мотото „ДА СЕ СОБЕРЕМЕ – ПРЕД ДА НÉ СОБЕРАТ“. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 6 и 7 февруари преку мрежата на Мк Тикетс.

