ПОЧЕТНА » ЗАБАВА » ЗОШТО НОВОРЕДЕНИТЕ ДЕЦА НЕ ПЛАЧАТ СО СОЛЗИ

ЗОШТО НОВОРЕДЕНИТЕ ДЕЦА НЕ ПЛАЧАТ СО СОЛЗИ


Додадено на 27-02-2015 во ЗАБАВА

Новородените бебиња не можат да произведат вистински солзи, бидејќи нивните солзни кесички во тој период уште не се доволно развиени. Секое бебе е родено со базални солзи, што значи дека нивните солзни вреќички ќе произведат доволно влага за нивните очи да бидат здрави.Додека пак, вистинските солзи се јавуваат измеѓу 3-тата и 12-тата недела кај бебињата. Во ретки случаи, процесот може да трае и до првите неколку месеци од животот на бебето.Интересно е тоа што, покрај недостатокот на вистински солзи, новородените бебиња сепак рефлексно плачат. Таа појава е слична како онаа кога на возрасните им течат солзи, на пример додека сечат кромид.Освен тоа, бебињата се родени и со делумно функционални плунковни жлезди. Во почетокот нивната храна е целосно течна, па немаат потреба од плунка. Но, во текот на првите три месеци, нивните плунковни жлезди се активираат и дури потоа бебињата ја учат вештината за голтањето на сопствената плунка. /crnobelo.mk