ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » И ВО НЕГОТИНИ ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ

И ВО НЕГОТИНИ ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ


Додадено на 02-02-2016 во НЕГОТИНО

Од вчера започнаа со работа подрачните канцеларии во рамки на проектот „ Купи куќа за млади “. Ваква канцеларија е отворена и во општина Неготино каде сите заитересирани граѓани имаат можност да дојдат да ја постетат, а истата е сместена во општината во Неготино поточно просториите на подрачната единица на Управата за јавни приходи- Неготино.

Одговорно лице каде може да се обратат сите заинтересирани граѓани е раководителот на подрачната единица на УЈП-Неготино Никола Зафиров и тоа секој работен ден од 8,30 до 16,30 часот. Целта на овие канцелариии е можноста  на едно место заинтересираните детално да се информираат за проектите, условите, учеството, банките и плацевите. Заинтересираните граѓани ја поздравуваат идејата за отварање на подрачни канцеларии, но и самите проекти. Велат ова било  одлична можност по многу поволни услови да го решат станбеното прашање.

Инаку, Поддршката која се нуди преку проектот ,, Купи куќа за млади се состои во 80% субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и уште три години субвенција од 50% на ратата или пак  100% од учеството за кредит.