ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ИВА ЈОСИФОВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРУШТВОТО НА ЛОВНИ УМЕТНИЦИ НА КАВАДАРЦИ

ИВА ЈОСИФОВА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРУШТВОТО НА ЛОВНИ УМЕТНИЦИ НА КАВАДАРЦИ


Додадено на 27-01-2015 во КАВАДАРЦИ

Ликовниот уметник Ива Јосифова од Кавадарци е новиот претседател на Друштвото на ликовните уметници од Кавадарци. Изборното собрание со одржа во неделата на 25 јануари кога и 0фицијално по успешното претседателствување на ликовниот уметним Ристе Соколов  Ива Јосифова  ја доби довербата на кавадаречките уметници. Воедно беа избрани и новите членови на Советот на ДЛУК: ликовбните уметници Кирил Мукаетов, Марија Дичова, Иван Ковацалиев, Симона Манчева,, Ристо Јосифов, Горан Боев и Димитар Самарџиев. Инаку Друштвото на ликовните уметници на Кавадарци на македонската ликовна сцена е речиси 4 децении и е едно од најстарите  друштва на ликовни уметници во Македонија. Дел од основачите на друштвото и денес се активни  и признати ликовни уметници во Македонија и пошироко  кои ја продолжуваат благородната мисија на  основачите на македонската современа уметност кој потекнуваат од Кавадарци, Петар Мазев, Глигор Чемерски, Симон Шемов и Ана Темкова како што се Глигор Стефанов, Елпида Хаџивасилев, Игор Јосифов и други.

 Ива Јосифова  и е добро позната на кавадаречката културна јавност . Таа е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија  наскоро по дипломирањето на Факултетот за ликовна уметност  во Скопје отсек сликарство и рачно правена хартија. Зад себе има десетина самостојни изложби, учесник е на бројни меѓународни ликовни колонии и на групни изложби во Хрватска, Бугаријам Србија,  Словенија, Франција и Германија. Учесник ена значајни проекти за рачно правена хартија во Венеција и Бари Италија со што е закитено со бројни награди и признанија за нејзиниот посебен придонес во афирмацијата на градот Кавадарци и републиката  во меѓународни рамки.