ПОЧЕТНА » МУЗИКА » ИВАН БОСИЉЧИЌ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

ИВАН БОСИЉЧИЌ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ


Додадено на 10-02-2015 во МУЗИКА

Мегапопуларниот српски актер, шоумен, музичар, поет и мултимедијален уметник Иван Босиљчиќ, на барање на неговите обожавател(к)и повторно во Македонија ќе одржи концерт на 7-ми март, во Конгресниот центар „Александар македонски (Универзалната сала – Скопје)“. Насловот на концерот ќе биде „Неколку стихови за нас“ („Пар стихова за нас“), исполнет со романтика, романтична музика, многу ведрина и позитивни вибрации, она што е и главен белег на овој обожаван српски шармер.

„Минатата година во преполната Универзалната сала се случи едно големо осмомартовско концертно уживање, годинава ќе биде повторена минатогодишната средба, со зголемен број музичари на сцена и секако со брилијантниот Иван, во главна улога“ – најавува Влатко Плевнеш, од организаторската продукција „Сил- Вла“. Поради големиот интерес, не е исклучено да има и втор концерт, на 8 март.Билетите се пуштени во продажба од денес на билетарницата  на Универзална сала, Розе Веро 2, Камарад, Југотон и други поважни продажни места.