ИЗБРАН НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ ЗА ИЗГРАДБА НА РЕЗЕРВОАРОТ ЗА ВОДА ВО ПЕПЕЛИШТЕ
Врз основа на поднесената апликација и потребната техничка документација од страна на општина Неготино, Министерството за транспорт и врски при Владата на РМ го распиша тендерот за избор на најповолен изведувач на работите за изградба на резервоар за вода во с. Пепелиште. Станува збор за изградба на нов резервоар со зафатнина од 210 м3 и изградба на потисен цевковод во должина од 1.216 метри, а истиот ќе се гради со средства во висина од 4.855.928 денари обезбедени од Европската инвестициона банка. Основна цел на овој проект е обезбедување дополнителни количини вода за населението од Пепелиште, посебно за жителите кои живеат во повисоките зони и кое во изминатиот период имаше најголеми проблеми со водоснабдувањето. Деновиве е избран и најповолниот понудувач-фирмата „Жикол“ која ќе го гради резрвоарот и по потпишувањето на договорот доколку временските услови го дозволат тоа ќе стартуваат градежните работи на терен. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакнува дека со завршувањето на овој проект ќе дојде до долгорочно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Пепелиште кои уште престојното лето ќе имаат континуирано и редовно водоснабдување.