ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ

ИЗГЛАСАН ЗАКОНОТ ЗА ИЗДАВАЊЕ ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА ТАБЛЕТ КОМПЈУТЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ


Додадено на 25-03-2015 во МАКЕДОНИЈА

Собранието вчера по скратена постапка со 63 гласа ЗА го услвои Законот за издавање на вредносни ваучери за таблет компјутери со тастатура за студентите. 

Вредноста на ваучерот е 8 илјади денари а со него ќе може да се стекнат сите студенти кои за прв пат запишале трета и четврта година на студии на некој од државните или на приватните универзитети и чии приходи во семејството не го надминуваат износот од 32.741,00 денари,студентите што живеат со еден родител или без родители и студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби. За спроведување на овој закон се потребни 1,5 милиони евра, пари кои ќе бидат обезбедени од буџетот на Министерството за информатичко општество.